ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МУЗИЧАРИ И МУЗИЧКИ ГРУПИ

 

ЗА ПОВИКОТ

Јавна соба објавува повик за заедничко продуцирање на музички спотови за поединци и музички групи, кои поседуваат сопствена авторска музика и сакаат истата да ја афирмираат со приклучување во проектот “Дотерај го Скопје”. “Дотерај го Скопје” се реализира во рамки на кампањата “Мрдни со прст”.

 

Ова е можност за 5 (пет) авторски бендови или индивидуални автори на музика да се здобијат со свои спотови и со промоција на истите онлајн и во живо, промоција на спотовите на социјални мрежи и во слободни медиуми. Од тие причини, Јавна Соба ги охрабрува да се пријават авторите на музика од следните жанрови: џез, рок, хип хоп, елетронска музика и рап.

 

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Краен рок за пријавување е 30 јуни 2017.