Нашиот тим

Александар Велиновски

Сецка, блендира, толчи и процесира - се во едно. Координатор на проектот. Директор на Јавна Соба. Во слободно време – нема слободно време.

Мартин Трајчев

Успева некако да биде истовремено и најголем циник и најголем идеалист. Верува во моќта на добрите идеи. Менаџира, буџетира, застапува и коментира.

Атанас „Ате“ Димитров

Новинар, метеоролог, фотограф, дебатер, филмски критичар,ПР. Сите добри фотографии на веб странава се мои. За лошите порекнувам сè. Ако ни пишувате на фб или на мејл, најверојатно разговарате со мене.

Тамара Георгиевска

Дизајнер. Маркетер. Љубител на природа,култура, дизајн и уметност. Одговорна за брендингот на Дотерај го Скопје и комуникација со сите вас околу се што правиме во проектот.